Историска промена во Формула 1, „спринт“ ќе одлучува кој да биде на пол-позиција

Челниците на Формула 1 договорија уште годинава пробно, а во блиска иднина тоа да стане редовно, односно да се воведе нов начин на квалификации во „најбрзиот циркус на светот“. Одлучено е да се воведе таканаречен спринт квалификации, со кој ќе се решава кој да биде на пол-позиција и кој пилот од која позиција ќе стартува.

Тој таканаречен спринт всушност ќе биде мини-трка од 100 километри. Тој пилот што ќе победи во саботниот спринт од 100 километри, ќе добие три бода и пол-позиција. Вториот ќе освои два бода, а третиот еден бод.

Поредокот за саботниот спринт ќе се одлучува во петок, кога ќе има прелиминарни квалификации во три сегменти. Во петок тимовите ќе смеат да користат само меки гуми.

Се претпоставува дека на саботниот спринт, кој ќе трае околу половина час, возачите ќе може, но и не мора да менуваат гуми. Дебито на новиот систем ќе се случи во јули, во Силверстоун, а тоа ќе се примени и во септември, во Монца.

- Оглас -

Најнови вести