Историска сезона во Бундеслигата, падна рекорд

Ајнтрахт испушти победа на гостувањето кај Волфсбург и одигра само 1-1 во понеделничкиот натпревар од Бундеслигата, кој не мина без протести и возбуда. Гостите од Франкфурт поведоа со голот на Џонатан де Гузман во 78-мата минута, а изедначи Џон Брукс во 90-та.

Погодокот на Гузман беше вкупно 124-ти сезонава во Бундеслигата кој го постигнал играч кој влегол во игра од клупата за резерви. Никогаш порано резервите не биле поефикасни, а во сезоната 2016/17 исто така резервистите дадоа 124 гола. Сега има уште четири кола за поставување нов рекорд. Де Гузман влезе во игра девет минути пред да го даде голот.

Сепак, домашните во финишот се спасија од пораз и останаа во трка за места кои водат во Европа. Ајнтрахт е четврти, но местото во ЛШ не му е гарантирано и ќе треба да се потруди во финишот на сезоната.

Во првото полувреме фановите протестираа против играњето во понеделник, па на терен фрлаа велигденски мини-јајца.

- Оглас -

Најнови вести