Историска вечер за Ирвинг во важната победа на Бруклин (ФОТО)

Кајри Ирвинг со 50 постигнати поени беше најдобар поединец на мечот меѓу Шарлот хорнетс и Бруклин нетс, кој им припадна на гостите со 121:132.

Повратникот во тимот на Нетси, кој пропушти дел од сезоната и сè уште не игра на домашните средби поради тоа што нема вакцина против ковид 19, го носеше својот тим до важна победа. Тој стана третиот кошаркар којшто успеал да постигне 50 поени, а до таа бројка да дојде со помалку од 20 упатени удари на теренот.

Ирвинг имаше 15 реализирани од 19 шутеви, а покрај тоа, средбата ја заврши со три скока и шест асистенции. Бруклин се бори за плејин-турнирот и во моментов е осмопласиран, додека Шарлот е веднаш зад овој тим.

НБА

Шарлот хорнетс – Бруклин нетс 121:132

Индијана пејсерс – Кливленд кавалирс 124:127

Орландо меџик – Феникс санс 99:102

Мемфис гризлис – Њуорленс пеликанс 132:111

Оклахома сити тандер – Милвоки бакс 115:142

Голден стејт ворирорс – Лос Анџелес клиперс 112:97

- Оглас -

Најнови вести