Историската промена во фудбалот веќе е реалност (Видео)

Светското клупско фудбалско првенство започна синоќа, а Ал-Ахли славеше над Оукленд сити со убедливи 3:0. Во следното коло Ал-Ахли ќе игра со Сиетл, а подобриот од тој меч ќе има шанса да игра против европскиот првак Реал Мадрид.

Дуелот меѓу Ал-Ахли и Оукленд ќе се запамти по тоа што првпат беше применето новото правило на ФИФА, а е поврзано со судиите. Челниците на ФИФА решија дека на Светското клупско првенство првпат судиите ќе мора да ги образложат одлуките што ќе ги донесат по прегледување на ВАР-снимките.

Микрофонот што го има судијата, а го користи за комуникација со колегите од ВАР-собата, сега е и од корист за да може арбитерот на глас на гледачите да им ги објасни одлуките кои ги носи.

Токму во последните моменти од првиот дуел на Светското клупско првенство, се случи промоција на новото правило. Кинескиот судија Ма Нинг првично досуди пенал, но по прегледување на ВАР-снимката беше потврдено дека фаулот е надвор од шеснаесетникот, па пеналот беше поништен, но беше даден црвен картон на фудбалерот кој фаулираше. Целата оваа ситуација судијата ја објасни преку микрофонот за да го слушнат сите гледачи на стадионот.

 

- Оглас -

Најнови вести