Историски меч за Шпанија: Со „деца“ ја растури Литванија, Франција лесно против Бугарија

Сениорската репрезентација на Шпанија се наоѓа во изолација по откривањето дека Серхио Бускетс е позитивен на корона-вирусот. Црвената фурија од претходно имаше закажано пријателски меч против Литванија, кој за да не биде откажан, се најде интересно решение.

Шпанците решија да настапат со младинскиот состав кој до пред неколку дена беше дел од Европското првенство, каде што беа елиминирани во полуфиналето. Дека „децата“ на Шпанија се добра иднина, се покажа на дуелот против Литванија. Сениорската репрезентација на Литванија едноставно не можеше да парира на подобриот ривал. Шпанија на крајот победи со 4:0.

Во составот на Шпанија имаше дури 10-мина дебитанти и само еден играч кој претходно заиграл во сениорскиот тим. Домаќините на стадионот во Леганес дадоа по два гола во двете полувремиња, во меч на кој во шпанската селекција имаше вкупно 16 дебитанти, па нормално е што четирите погодоци ги дадоа играчи кои првпат заигруваат во сениорскиот состав.

Франција со победа од 3:0 против Бугарија ќе патува на Европското првенство. Гриезман погоди во 29-тата минута за 1:0, а во вториот дел два гола даде Оливие Жиру. Токму Жиру влезе како резерва пред крајот на првото полувреме, кога поради повреда, од теренот мораше да излезе Карим Бензема.

 

- Оглас -

Најнови вести