Историски највисока победа на женската македонска репрезентација

Женската ракометна репрезентација на Македонија успешно ги стартуваше квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 година, откако убедливо со 40:17 ја совлата селекцијата на Азербејџан.

Ова е историска победа, затоа што е израмнет рекордот за највисок триумф на женската ракометна репрезентација од 23 гола.  Во далечната 1999 година на Светското првенство во Колдинг, Македонија со 33:10 ја победи Аргентина, а сега со 23 разлика е совладан и Азербејџан.

На стартот од дуелот гостинките поведоа со 1:0, а потоа следуваше серија од 9:0 за Македонија и веднаш се покажа дека нашата селекција ќе стигне до висока победа. На полувремето беше 23:10, а во исто темпо продолжија и во второто полувреме.

Најефикасни во селекцијата на Македонија со по седум голови беа Саздовска и Седловска, а Јанкуковска погоди 5 пати. Голманското дуо беше одлично, па Терзиќ имаше 7 одбрани, а Петковска заврши со шест интервенции.

Во второто коло на гости против Литванија. Во нашата група е и Шпанија која е фаворит. Првопласираните две селекции одат на завршницата на континенталниот собир.

- Оглас -

Најнови вести