Историски олстар: Истокот победи и првпат ја проби границата од 200 поени на еден натпревар (Видео)

Кошаркарите на Истокот и Запад одиграа историски олстар-натпревар на кој првпат една екипа постигна над 200 поени. Тоа беа кошаркарите на Истокот, кои го добија мечот со неверојатен резултат, 211-186. Вкупниот број поени е застрашувачки, дури 397, а само за споредба, на олстар-натпреварот во 1953-тата година биле постигнати само 154 поени.

На мечот имаше вкупно 168 удари за три поени. Најмногу од нив ги упати Лилард, 23, од кои погоди дури 11 и сосема заслужено беше прогласен за МВП на натпреварот. Тој го заврши мечот со 39 поени, а најефикасен беше Карл-Ентони Таун со 50 поени.

Разочарувачки натпревар одиграа Лука Дончиќ и Никола Јокиќ. Србинот го заврши мечот со 13 поени, додека Словенецот уфрли само седум.

- Оглас -

Најнови вести