Историски шок за Јувентус, Емполи со цел плен си замина од Торино (видео)

Јувентус претрпи шокантен пораз од 0-1 против Емполи за првпат во својата историја. Избраниците на Макс Алегри првпат во 20 меѓусебни лигашки меча како домаќини против повратникот во Серија А , што е големо разочарување за гигантот од Торино кој по две кола има само еден освоен бод.

За кошмарот да биде уште пострашен, судбината на Бјанконерите им ја одреди нивен поранешен фудбалер, Леонардо Манкусо, со својот погодок во 21-та минута, а Јувентус го напушти пред две години за да го облече дресот на Наполи.

Емполи во голем стил го преболи поразот од Лацио од воведното коло со првата овосезонска победа, додека Јувентус по репрезентативната пауза во дербито против Наполи ќе трага по првиот триумф.

Фиорентина беше подобра од Торино со конечни 2-1.

https://twitter.com/Gabryjuventus/status/1431706314078670848

- Оглас -

Најнови вести