Историски срам во турската кошарка, прволигашки меч заврши со 90 поени разлика!

Во 15-тото коло на турската кошаркарска суперлига, екипата на Тофаш од Бурса, го разби Афјон Беледије со огромни 145-55.

Тофаш добро го отвори натпреварот и имаше двоцифрена разлика по првата четвртина, а потоа дојде втората четвртина која домашните ја добија со неверојатни 54-19.

Афјон има три победи сезонава, но доживеа финансиски колапс, па ги ослободи сите сениори и сега игра со младинци. Последните шест меча Афјон ги губи со просек од 57 поени разлика, и прашање е дали ома смисол да продолжат да се натпреваруваат во елитниот ранг.

- Оглас -

Најнови вести