Историски триумф за Барнли на гостувањето кај Вулверхемптон

Барнли ја оствари својата најголема гостинска победа во последните 56 години со убедливите 4-0 против Вулверхемптон на „Молињу“.

Од 1965 година Барнли немаше победено на гости со четири или повеќе гола во најетлитното англиско натпреварување, но денес се израмни рекордот поставен во ноевмри пред 56 години против Сандерленд.

Крис Вуд со хет-трик во првото полувреме го најави големиот триумф на составот кој го води Шон Дајч, додека на негова асистенција Вествуд ги постави конечните 4-0 во 85-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести