ФИФА засега нема да воведе стоперка во фудбалските правила, но судиите ќе ги надоместуваат сите загубени секунди за време на мечевите и ќе има поголеми судиски продолженија, но сега легендарниот судија Пјерлуиџи Колина има идеја за воведување на „правило на милост“.
Резултатот од 7-0 на натпреварот Ливерпул – Манчестер јунатед, го натера Колина да размисли за предлог на некои мечеви воопшто да нема судиско продолжение, за да се спречи дополнително понижување на тимовите кои губат убедливо.
„Разбирам дека на судиите им е тешко да одредат колку точно минути да надоместат при резултат 7-0. На овој меч имаше три минути надополнување во второто полувреме. Можеби во иднина може да воведеме правило да не мора да има продолжување, ако некој резултат е убедлив“ – вели Колина кој е прв човек на судиската комисија во ФИФА.