Историскиот триумф во спринт не е доволен за Ферстапен, сака победа на патеката на која доминира Хамилтон

Макс Ферстапен победи во првата спринт-трка во историјата на Формула 1, освојувајќи дополнителни три бода и пол-позиција во пресрет на трката за Големата награда на Велика Британија.

Хамилтон како актуелен светски шампион и возач со најмногу победи (7) на Силверстоун од активните возачи и воопшто во историјата, ќе се обиде да го спречи летечкиот Холанѓанец да ја запише петтата победа во последните шест трки од оваа сезона.

Во ланскиот триумф на Хамилтон, Ферстапен беше втор на легендарната патека и воедно извозе најбрз круг, додека пол-позицијата го намести како фаворит за денешната битка на асфалтот во обид да се искачи на највисоката позиција на подиумот.

По девет трки, Ферстапен е лидер во табелата на возачи со 185 бода, Хамилтон е втор со 152. Трката за Големата награда на Велика Британија стартува во 16 часот.

- Оглас -

Најнови вести