15.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Историско мартовско лудило во НЦАА, за првпат ниеден прв носител не стигна до четвртфиналето!

Завршниот турнир во универзитетската НЦАА лига во кошарка, популарното „Мартовско лудило“, годинава е историски, бидејќи во елитните 8 не влезе ниту еден од првите носители кои беа најдобри во регуларниот дел во своите конференции.

Изненадувања се редат како на лента, во четвртфиналето има и колеџи кои првпат се таму, и тешко е да се предвиди кој ќе ја освои титулата на 3-ти април во Хјустон.

После Пердју и Канзас, испаднаа и Алабама и Хјустон, а овие четири тима беа најуспешни во регуларниот дел од сезоната.

- Оглас -

Најнови вести