Италија го брани светскиот трон во репризното финале, Шпанија оди по одмазда и трета титула

Светското првенство во ватерполо денес ќе го добие новиот шампион. Италија и Шпанија ќе играат репризно финале (20 часот), со тоа што Аѕурите целат на нов триумф како што беше во 2019 година во Гванџу.

Пред три години Италија ја освои четвртата светска титула со победата од 10-5 над Фуријата. Доколу италијанските ватерполисти триумфираат вечерва, ќе се израмнат со Србија и поранешниот Советски сојуз на пет светски титули, додека Шпанците бркаат трета планетарна круна која ја чекаат од 2001 година.

Според квотите во Sport Life, Шпанија е фаворит при 1.80 квота за „двојка“, а „кецот“ на Италија нуди 2.80 коефициент.

Во меѓувреме Грција и Хрватска ќе се борат за бронзен медал во 14:30 часот. За петто место ќе се судрат САД и Србија (17 часот), додека во овие моменти започна дуелот меѓу Унгарија и Црна Гора за седмо место.

 

 

- Оглас -

Најнови вести