Италија и Шпанија со „лажни“ деветки ќе атакуваат на финале во Лигата на нациите (Фото)

Италија и Шпанија ќе играат со „лажни“ деветки или без класичен шпиц во првото полуфинале на Лигата на нациите, вечерва од 20.45 часот на „Сан Сиро“ во Милано.

Селекторот на актуелните европски прваци, Роберто Манчини, одлучи Федерико Бернардески да го предводи нападот на Аѕурите, иако тој не е шпиц. Ќе му помогаат Инсиње и Кјеза, а во тројката во средниот ред се Барела, Жоржињо и Верати.

Одбраната е без Кјелини, со Бастони на местото стопер, заедно со Бонучи. На голот е Донарума, а бекови се Емерсон и Ди Лоренцо.

Кај Шпанците главен во нападот ќе биде Феран Торес, а како крила ќе играат Ојарзабал и Сарабија. Коке, Бускетс и Гави се во средниот ред, додека Луис Енрике се одлучи во одбраната да командуваат Пау Торес, Лапорт, Аспиликуета и Алонсо со голманот Симон.

 

 

- Оглас -

Најнови вести