Италија може да ја испрати Англија во Лига Б

6105 Германија – Унгарија (20.45 часот)

Унгарците се најпријатно изненадување во Лига А од Лигата на нациите и први се во група со гигантите Германија, Италија и Англија. Унгарија дома во јуни одигра 1-1 со Германија, два гола паднаа во првите 10 минути, а лани на ЕП беше 2-2, кога Германците се спасуваа од пораз кој ќе ги исфрлеше од шампионатот. Вечерашниот меч ќе се игра во Лајпциг. Германија на сите четири меча и даваше и примаше гол. Панцерите 15 месеци не знаат за пораз.

Предлог тип: 1 & 2-5 ()

 

6106 Италија – Англија (20.45 часот)

Англичаните во четири кола немаат победа, двапати сензационално губеа од Унгарија, па ако не победат вечерва во Милано, ќе испаднат од А во Лига Б од Лигата на нациите. Не само тоа, на четирите меча Гордиот Албион даде само еден гол, и тоа од пенал. Во јуни, кога Англичаните беа домаќини, средбата заврши 0-0. Англија цели десет години нема победа над Италија, а ако се гледаат само 90 минути без продолженија, последните четири меѓусебни дуели секогаш им биле со 0-2 гола.

Предлог тип: 1-3I & 1-3 II ()

 

6112 Финска – Романија (20.45 часот)

Финците уште имаат шанса да бидат први во групата, но мора да победат и да чекаат реми на дуелот помеѓу БиХ и Црна Гора. Романија има само три бода, доби еден и загуби три меча, но ако слави вечерва, ќе ја симне Финска на последно место, па Финците лесно може и да испаднат во Лига Ц. Романија во јуни дома ја совлада Финска со 1-0. Традицијата е на страна на гостите, но можеби е редно Финска првпат да ги победи Романците.

Предлог тип: & 0-3 ()

 

6113 БиХ – Црна Гора (20.45 часот)

Ова е соседски дуел за првото место во групата 3 од Лига Б во Лигата на нациите. Босанците дома во Зеница  имаат убава шанса со триумф да го обезбедат првото место и следниот циклус да играат во Лига А заедно со најсилните во Европа. Во јуни во Подгорица, дуелот на овие две селекции заврши со нерешени 1-1. БиХ нема пораз во четирите кола, а последните три меѓусебни пресметки на овие селекции завршува нерешено, со 0-2 гола.

Предлог тип: 1Х & 1-3 ()

 

6126 Бугарија – Гибралтар (20.45 часот)

Кај овој пар, јасно е дека домашните се големи фаворити. Бугарите во јуни одиграа само 1-1 на гостувањето кај Гибралтар и тој шок ги отпиша од битка за првото место во групата во која се и Македонија и Грузија. Ова е идеална прилика за Бугарија да дојде до својата прва победа во 2022 година, а веруваме дека овојпат во Разград, Гибралтар нема да даде гол.

Предлог тип: 1 сигурна ()

- Оглас -

Најнови вести