Италија на „Олимпико“ пак ќе ја совлада Швајцарија

6727 Молдавија – Шкотска (18.00 часот)

Молдавија во осум кола освои само еден бод (реми дома против Фарски Острови) и нема многу мотиви, додека Шкотите се втори во групата во која доминира Данска и со победа вечерва во Кишињев, ќе осигурат бараж. Во септември, Шкотска на свој терен не беше многу убедлива против Молдавија, напротив, победи само со 1-0. Шкотите никогаш не ја совладале Молдавија со повеќе од два гола разлика, овие селекции секогаш играле меѓусебни мечеви со 0-2 гола.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.86)

 

6728 Австрија – Израел (20.45 часот)

И ова е меч од групата Ф во која многу ретко имаше нерешени резултати. Израелците уште имаат теоретски шанси да бидат втори, но мора да победат во Клагенфурт и да чекаат кикс на Шкотска, нешто што не е баш реално. Во септември, Израел дома ја порази Австрија со неочекувано убедливи 5-2, па сега Алаба, Арнаутовиќ и другарите имаат мотиви за реванш. Израел секогаш давал гол на гостувањата во Австрија, но никогаш не победил.

Предлог тип: ГГ & 3+ (2.07)

 

6729 Англија – Албанија (20.45 часот)

Англичаните со победа може да осигурат Мундијал, а Албанците ако приредат сензација, би се вклучиле во битка за второто место со Полска и би ја загрозиле и Англија, која е лидер пред денешните мечеви. Нашите западни соседи досега ниту еднаш не играа нерешено во осумте кола, имаат прилично добра одбрана, но Гордиот Албион нема пораз. Албанците по 20 години, се враќаат на „Вембли“, каде што никогаш не дале гол. Во март, во Тирана, Англија победи со 2-0.

Предлог тип: 1 & 2-4 (1.51)

 

6730 Италија – Швајцарија (20.45 часот)

За европскиот првак Италија ова е многу важен меч, а имаат многу проблеми со отсуства на важни фудбалери. Италија и Швајцарија имаат еднаков број бодови и ако заврши нерешено, последното коло ќе решава околу тоа кој ќе оди директно на СП, а кој ќе игра бараж. По шест кола, ни Италија ни Швајцарија немаат пораз и имаат само по еден примен гол. Нивниот меѓусебен дуел во Швајцарија во септември заврши без голови. Кога се играло во Италија, традицијата е целосно на страната на домашните, кои и летоска на ЕП во дуелот, кој исто така се играше во Рим како и вечерашниот, беа подобри со 3-0.

Предлог тип: 1 (1.63)

 

6761 Андора – Полска (20.45 часот)

Полска е ставена во сендвич помеѓу Англија и Албанија и нема друг избор освен победа против аутсајдерот. Со победа, Полска најверојатно обезбедува минимум бараж и ќе остане во игра за директен пласман на СП. Полјаците во осум меча дадоа 25 гола, а Андора има примено 19 гола. Средбата во Полска пролетоска заврши со 3-0. Андора тешко дека ќе даде гол, но можеби нема да доживее дебакл. Андора во минатото коло го победи Сан Марино и со тоа целта им беше остварена.

Предлог тип: 0-3 гола (1.75)

- Оглас -

Најнови вести