Италија нема да ги менува правилата – Останува дозволен капацитет од 75 отсто на стадионите

Фудбалската асоцијација на Италија во соработката со здравствените власти одлучи да не ги менува драстично правилата за посета на стадионите што важеа и досега, во услови на пандемија со корона-вирус.

Останува на сила правилото за максимум 75 отсто исполнетост на капацитетот на стадионите во Серија А и во Серија Б, наложено е да се носат маски задолжително и на отворен простор, а само едно прваило е изменето.

На стадион повеќе нема да може да се влезе со рапид тест, односно ќе мора да се има потврда за вакцинација или за прележан ковид, и тоа во скоро време.

Со овие правила на игра, Калчото ќе продолжи со 20-тото коло, кое ќе се игра на 6 јануари.

 

- Оглас -

Најнови вести