Италија побара одложување на ЕП, а Манчини најави: Може да бидеме шампиони во 2021 година

Челниците на италијанската фудбалска федерација побараа Европското првенство 2020 година да се одложи и да не се игра ова лето.

„Ќе побараме од УЕФА да го одложи Европското првенство“, откри претседателот на италијанската федерација, Габриеле Гравина, кој додаде дека ќе се обиде да се најде начин да биде регуларно завршено домашното првенство, затоа што клубовите имаат дадено големи инвестиции и треба да има завршница на шампионатот.

Според Италијаните има нешто што е поважно од ЕП 2020, а тоа е да се стави крај на пандемијата со Коронавирусот. Европската фудбалска федерација в вторник ќе иам видео состанок на кој ќе се зборува за новонастанатата ситуација во Европа поради опасниот вирус.

Селекторот на Италија, Роберто Манчини вели дека доколку ЕП 2020 биде одложено, Аѕурите може да стигнат до титулата во 2021 година.

„Не знам како ќе заврши цела оваа ситуација, но има нешто поважно од ЕП 2020. Ќе биде фер да им се дозволи на фудбалерите да бидат сигурни. Ако ЕП се игра во 2021 година, Италија може да стигне до титулата“, вели Манчини.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести