Италија води по првото полувреме на гостувањето во Зеница против Босна и Херцеговина во еден од четирите финални бараж европски дуели за пласман на Светско првенство. По кисот на голманот на БиХ, Мојзе Кен погоди за водство на Италија во 15-тата минута. Голот на Кен може да го видите ТУКА.
Во финишот на првото полувреме Аѕурите останаа со фудбалер помалку по директниот црвен картон на Бастони, што значи дека Босна и Херцевоина во второто полувреме ќе има играчка предност на теренот.
Минимална предност од 1:0 има и Чешка во дуелот против Данска во Прага. Уште во третата минута домаќините поведоа со голот на Сулц.
Најмногу возбудувања имаше во Шведска, каде што домашната селекција води со 2:1 против Полска. Единствено мрежите во првото полувреме мируваа на дуелот во Приштина, каде што Косово и Турција играат 0:0.

