Италијанска работа: Од -26 до триумф над Порторико

Италија дојде до сензационален пресврт над Порторико со конечни 94:89 во вториот меч од втората фаза на Мундобаскетот во Кина. Аѕурите беа тотално отсечени од натпреварот во првото полувреме и дел од третата четвртина, но со феноменална серија од 25-4 во последните 10 минути успеаја да го свртат резултатот во своја корист.

Порторико се разигра уште на стартот и дојде до двоцифрени +13 во воведната делница. Нивниот фуриозен напад носеше резултат и во продолжението, по што остварија и највисоки 26 поени разлика. Сепак, Италијанците се консолидираа и постепено ја топеа предноста на противникот.

На пет минути до крајот, се случи и комплетниот пресврт, Италија од -26 дојде до +7 во еден момент,  Порторико во последните секунди изнуди да се игра продолжение од пет минути, но сепак им препуштија на Аѕурите да се радуваат.

Галинари (20) и Белинели (27) комбинираа ефикасни 47 поени, Абас придонесе со 14 поени. Кај поразените Балкман беше најефикасен со 14 поени.

Претходно Русија ја совлада селекцијата на Венецуела со 69:60, додека во фазата на елиминирани на победи се радуваа Јужна Кореја против БСК со 80:71, односно Тунис против Ангола со 86:84.

- Оглас -

Најнови вести