Италијанска работа: Салернитана го враќа тренерот кому пред два дена му врачи отказ

Управата на Салернитана се одлучи на несекојдневен потег, го врати на клупата Давиде Никола, тренерот кого го смени само пред два дена.

Никола беше отпуштен по серијата лоши резултати кои кулминираа со катастрофалниот пораз од Аталанта со 8:2 во неделата, но клубот не можеше да најде соодведна замена и го врати сега старо-новиот тренер на клупата.

Откако поголем дел од италијанските медиуми објавија дека Никола е главен кандидат да се наследи самиот себеси, тренер преку социјалните мрежи потврди дека се враќа на клупата на Салернитана иако управата на тимот сè уште не ја потврди официјално оваа вест.

„Вчера ми се јави претседателот и ми ја објасни одлуката зошто ме отпушти поради поразот за кој јас ја презедов целосната одговорност. Го замолив да ја преиспита својата одлука, иако знаев дека не му беше лесно, бидејќи верувам во овој клуб и во овој проект. Сакам да му се оддолжам за големата доверба што ја има во мене и ќе дадам сè од себе заедно да одиме напред. Пред нас се неколку недели напорна работа“, напиша Никола.

Никола ја презеде Салернитана на истата позиција од која ја напушти, на 16-тата позиција на табелата со девет бода повеќе од зоната на испаѓање, а тимот се наоѓа во серија од шест натпревари без победа.

Давиде Никола седна на клупата на Салернитана во февруари минатата година, кога беше последна на табелата, но успеа да обезбеди опстанок во Серија А.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести