Италијанската федерација потврди: Во Серија А ќе се игра бараж за првак ако првиот и вториот имаат еднаков број бодови

Италијанската фудбалска федерација, ФИГЦ, го одобри предлогот од сезоната 2022/2023 да се врати старото правило дека ако првиот и вториот на табелата имаат еднаков број бодови на крајот на сезоната, да играат меч за титула на неутрален терен.

Бараж-меч ќе има и за испаѓање, додека за местата кои водат во Европа, остануваат меѓусебните дуели како пресуден фактор.

Досега важеше правилото дека ако два тима се изедначени по бројот на титули, шампион да биде тој што е поуспешен во меѓусебните дуели или тој што има подобра гол-разлика доколку се изедначени во меѓусебните пресметки.

Во мечот за титула би се играле 90 минути, а ако е нерешено, веднаш се пристапува кон изведување на пенали.

Досега во историјата на италијанскиот фудбал ваков меч за титула се играл само еднаш, и тоа во далечната 1964 година, кога Болоња го победи Интер со 2-0 и стана шампион.

- Оглас -

Најнови вести