Италијанската Серија Ц има свој Ибрахимовиќ (видео)

Екипата на Тернана вчера ја запиша втората победа во квалификациите за Купот на Италија со конечни 3-1 на гостувањето кај Риети. Во тој меч се постигна еден од најубавите погодоци од викендов, а е во режија на Ањело Салзано.

Играчот за врска на Тернана со феноменални ножички ја стресе мрежата на домаќините за 2-0, иако ударот беше надвор од шеснаесетникот. На ваква мајсторија може да позавиди и големиот Златан Ибрахимовиќ, кој ги има усовршено овие удар.

- Оглас -

Најнови вести