Италијански агент и екстренер: Елмас е преценет, грешка е што Спалети е заљубен во него

Италијанскиот фудбалски агент Енрико Феделе, кој своевремено му беше менаџер на Фабио Канаваро, а беше и тренер на Парма, смета дека македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е преценет играч, но „проблемот“ за Наполи бил што тренерот Лучано Спалети бил заљубен во Елмас.

„Спалети е одличен, но прави една грешка во средниот ред. Проблемот е што тој е заљубен во Елиф Елмас и Македонецот секогаш игра. Затоа Диего Деме не може да си добие адекватна минутажа за својот квалитет. Не разбирам ни на која позиција игра Елмас, ерес е да се каже дека тој е подобар од Гаљардини од Интер“, изјави Феделе во телевизиска емисија.

Феделе доби реплика од Франческо Грацијани, кој е деветти стрелец во историјата на Аѕурите и човек кој во 1982 година со Италија стана светски шампион.

„Да треба да бирам помеѓу Елмас и Гаљардини, секогаш ќе го одберам Елмас. Не е првпат Феделе вака да критикува играч на Наполи, тој го напаѓаше и Игуаин“, рече Грацијани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести