Италијанскиот фудбал загуби 3,6 милијарди евра за време на пандемијата на коронавирусот

Италијанските професионални лиги загубија неверојатни 3,6 милијарди евра во периодот од 2019 до 2022 година поради ограничувањата кои беа воведени поради коронавирусот, објави Фудбалската федерација на Италија (ФИГЦ).

Според извештајот на ФИГЦ, Серија А, Серија Б и третата италијанска лига, губеле просечно по 1,2 милијарда евра годишно за време на пандемијата на коронавирусот, додека во 2018 година, загубите изнесувале 412 милиони евра.

Најголеми биле загубите во сезоната 2021/22 и изнесувале 1,4 милијарда евра, што е најголем минус откако ФИГЦ прави вакви финансиски извештаи.

„Веќе неколку години се обидуваме да укажеме дека професионалните екипи мора да воведат добри системи и модели на одржливост“, изјави Федерико Муси од ревизорската куќа Прајс ватерхаус куперс.

Според извештајот на ФИГЦ, еден од начините да се зголемат приходите од влезниците е да се реновираат стадионите.

Приходите од продажбата на влезници за сезоната 2021/22 за италијанските екипи изнесувала 254 милиони евра, додека Манчестер јунајтед во истата сезона според ревизорската куќа „Делоит“ сам остварил приходи од 126 милиони евра од продажба на влезници.

- Оглас -

Најнови вести