Италијанскиот репрезентативец стана легенда во Русија: Одигра 15 меча, даде два гола, но имаше 148 поста на „Инстаграм“

Клаудио Маркисио беше еден од милениците на Јувентус и со години беше дел од средниот ред на италијанскиот првак. Италијанецот минатата година доби забрана од лекарите на Јувентус да игра, но тоа не им пречеше на челниците на рускиот Зенит да го доведат во своите редови.

Русите едноставно ја игнорираа забраната која беше од докторите на Јувентус и згрешија. На Маркисио му платија 3,5 милиони евра за една сезона, а италијанскиот репрезентативец се покажа како лошо решение. За цела сезона, Маркисио одигра само 15 натпревари и даде два гола. Во останатиот дел од престојот во Зенит, работната задача на Маркисио се сведувала на тоа да биде во клупската база во 9 часот наутро, да ја прими физиотерапијата, а потоа немал обврски.

Благодарение на тоа што имал премногу слободно време, Маркисио едноставно уживал во убавините на Сант Петербург, а тоа го споделувал и на социјалната мрежа „Инстаграм“. За периодот поминат во Зенит, Италијанецот постирал дури 148 фотографии на „Инстаграм“.

Токму поради фактот дека одиграл само 15 средби, а имал 148 објави на „Инстраграм“, руските медиуми го нарекоа Маркисио легенда на Зенит. Овој 33-годишен искусен фудбалер неодамна си замина од Зенит и сега е слободен играч.

Како најава за новата сезона во руското првенство, Зенит утре ќе игра во борбата за трофејот во Суперкупот против Спартак Москва.

 

- Оглас -

Најнови вести