Италијанците го селат Елмас во Португалија

Елиф Елмас добро ја почна 2021 година со два погодоци кон крајот на јануари, меѓутоа неговата форма во меѓувреме опадна, по што дијамантот повторно се пресели на клупата за резерви кај Џенаро Гатузо.

Тоа никако не е во полза за Елмас, а ниту за репрезентацијата на Македонија која налето за првпат ќе се појави на Европското првенство. Потребно е Елмас да биде во врвна форма за да им помогне на Рисовите да остават што подобар впечаток на континенталниот собир, но се чини дека под Везув нема да ја добие вистинската шанса.

Поради тоа, повторно се појавија шпекулации дека Елмас ќе ја напушти Италија по крајот на сезоната, а Бенфика најмногу се интересира за нашиот дијамант. Наводно, подготвени се 20 милиони евра од страна на европскиот гигант, кој пак ќе има конкуренција во битката за потписот на Елмас од Борусија Дортмунд, Менхенгладбах, Лидс јунајтед и Галатасарај.

- Оглас -

Најнови вести