Италијанците „спобудалеа“ по Синер: Неговиот меч беше многу погледан од фудбалското дерби

Италијанскиот тенисер Јаник Синер има неверојатна сезона. Синер триумфираше на два од четирите гранслем турнири во 2024 година, а сега е фаворит и за трофејот на завршниот Мастерс кој се игра во Торино, каде што има најголема поддршка од домашната публика.

Синер е убедливо најдобар тенисер на АТП-листата, а и покрај скандалот кога се откри дека бил позитивен на допинг-контрола, продолжи со одличните игри, станувајќи нов спортски херој во неговата земја.

Во првото коло на завршниот Мастерс турнир во Торино, Синер без многу проблеми со 6:3, 6:4 го победи Алекс де Минор. Според италијанскиот весник „Ла Стампа“, овој тениски меч го следеле поголем број луѓе отколку што имало на дербито од италијанската Серија А меѓу Наполи и Интер, кое заврши 1:1.

Тенискиот меч на Синер и дербито меѓу двете првопласирани во фудбалската Серија А се играа во исто време во неделата, од 20:45 часот, а телевизиските пресметки и бројки покажуваат дека тенисот е попопуларен.

Победата на Синер над Де Минор ја гледале 2,27 милиони гледачи, а дербито меѓу Наполи и Интер, кое беше борба за првото место на табелата, го следеле 1,7 милиони гледачи.

- Оглас -

Најнови вести