Итан Хап вчера прв блокер, а втор скокач и „крадец“ во квалификациите за ЕП

Новопечениот македонски кошаркарски репрезентативец Итан Хап, имаше забележително деби во дресот на нашиот национален тим.

Со него на паркетот, во тие 35,52 минути, Македонија беше подобра од Естонија за 12 поени. Проблем беа тие четири минути и осум секунди во кои Хап беше на клупа, па противникот максимално го користеше тоа и дојде до победа.

Статистичките показатели укажуваат дека Хап е прв блокер на денот во квалификациите за Евробаскетот 2025. Синоќа против Естонија имаше дури четири блокади, ниту еден друг поединец во квалификациите немаше повеќе од две.

Хап имаше и 10 скока, со што е на делба на второто место. Повеќе скокови од него имаше само Дерел Вилис кој игра за Кипар и собра 13 скока. Македонецот имаше и четири украдени топки, повеќе од него, по пет, имаа Томас Вокап од Грција и Лук Ван Бре од Холандија.

Ненад Димитријевиќ е прв врвот на стрелците. Нено даде 25 поени, два помалку од Грузиецот Торнике Шенгелија кој беше најефикасен вчера, а 26 поени имаше Џанан Муса од БиХ.

Македонските кошаркари денеска патуваат за Полска каде в понеделник имаат гостување кај еден од домаќините на Евробаскетот 2025 и тим кој загуби од Литванија во првото коло од квалификациите.

Во составот на селекторот Александар Јончевски ќе има една измена, на местото на Лејсон Зеќири кој се пожалил на здравствени проблеми, во Полска ќе оди Марин Петков.

- Оглас -

Најнови вести