ИТАР ПАЈЕ постигна чудесен гол против Сент Етјен (Видео)

Димитри Паје има постигнато дузина прекрасни голови во кариерата, а и вечерва потврди дека е многу итар фудбалер што знае да погоди и од најтешка позиција.

Во седмата минута на дербито меѓу Сент Етјен и Марсеј, Паје погоди речиси од мртов агол и го изненади голманот на домаќините Руфие.

Дуелот меѓу двете најтрофејни екипи во Франција со по 10 титули е во тек, а по првото полувреме Марсеј води со 1:0 со прекрасниот погодок на Димитри Паје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести