Итриот Меси – Со сите играчи Селта се бранеше од гол од слободен удар, Лео ги изненади со маестрален потег (Видео)

Итар е Лионел Меси, а со потегот што го приреди во 20. минута во Виго против Селта ги изненади домаќините и му помогна на Луис Суарес да го прекине постот од половина година без погодок.

Кога сите очекуваа Меси директно да бие од изгледна позиција од слободен удар, Аргентинецот го забележа Суарес и го погоди прецизно, па на шпицот на Барса му остана само да погоди со глава за предност на лидерот во Ла Лига.

Во моментот на изведување на прекинеот сите домашни фудбалери беа во својот шеснаесетник, поставени за да го спречат Аргентинецот да им даде гол директно одслободен удар, но Лео повлече маестрален потег.

https://twitter.com/MagicalFati/status/1276898991096070148?s=20

Суарес го запиша 12. гол сезонава, втор во 2020 година, во која доста и паузираше поради повреда, а Меси продолжува да гази со фантастични достигнувања во Ла Лига.

Тој е единствениот играч во шпанското првенство што има над 20 голови и над 15 асистенции 12 сезони по ред, а моментно е на котата 21 кога се во прашање погодоците и има 16 прецизни додавања за гол до соиграчите.

Барселона води со голот на Суарес по првото полувреме со 1:0 на „Балаидос“ стадион на кој нема победено на последните пет гостувања.

- Оглас -

Најнови вести