Итро или некоректно, најважно му е дека даде гол од пенал (Видео)

На натпревар од втората хрватска лига беше изведен еден необичен шут од 11 метри. Кроација од Змијавци беше домаќин на Цибалија од Винковци, гостите водеа со 1-0, но во судиското продолжение се случи „спорниот“ момент.

Досуден беше пенал за домашните, а топката ја зеде Томислав Мркоњиќ кој ја постави на белата точка, и долго си ги местеше штуцните под чорапите. Кога судијата даде знак за изведување на пеналот, Мркоњиќ не зеде залет, туку направи финта и од место ја пласираше топката во гол. Сите беа изненадени, па и голманот Карло Слукиќ кој не се ни помести од место.

После мечот двата тима се жалеа на судењето.

Погледнете го пеналот со кој Кроација се спаси од пораз:

- Оглас -

Најнови вести