Иванишевиќ објави многу стара слика и го воодушеви Балканот, најмногу Ѓоковиќ (Фото)

Горан Иванишевиќ, Јелена Генчиќ и Моника Селеш на едно место. Ваква легендарна тениска фотографија од минатото објави Иванишевиќ, кој во моментов е тренер на Новак Ѓоковиќ, па светскиот рекет број 1 беше највоодушевен од сликата за која не знаеше дека постои.

Генчиќ ги тренираше некогаш најдобрите тенисери од поранешна Југославија, а беше и една од најзаслужните за развојот на Ѓоковиќ и придонесе тој денеска да биде најдобар на светот.

Иванишевиќ и Селеш на фотографијата од пред повеќе од 30 години направена во САД се деца и позираат со мали пехари во рацете. Ѓоковиќ својот коментар го даде со ставање емотикони во кои доминираат срца.

- Оглас -

Најнови вести