Избегна пораз, но Бен Једер можеше да му донесе триумф на Ковач во дебито на клупата на Монако (видео)

Монако тргна со реми од 2-2 против Ремс во новата сезона од француската Лига 1, меч во којшто Нико Ковач дебитираше на клупата на Кнезовите.

Избраниците на хрватскиот стратег мораа да надополнуваат два гола негатива за да се спасат од разочарување на стартот од шампионатот, а Висам Бен Једер, еден од најдобрите стрелци во минатата сезона, пропушти златна шанса при резултат од 0-2.

Бен Једер се најде сам пред голот на гостите и од прва шутираше волеј, меѓутоа неговиот обид заврши во гредата. Монако подоцна постигна два гола преку Дисаси и Бадијашиле, но доколку Бен Једер погодеше во 39-тата минута, домаќините ќе оствареа пресврт.

https://streamable.com/v897w4

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести