Избегната голема трагедија на мастерс турнир (Видео)

Мастерс турнирот во голф кој се игра во Аугуста, Џорџија за малку ќе се претвореше во трагедија. Додека траеше натпреварувањето, ненадејно две огромни дрва се срушија.

Околу дрвјата имаше многу гледачи, но за среќа сите успеаа навремено да изреагираат и да се тргнат од патот на дрвјата кои паднаа и на тој начин беше избегната голема трагедија.

Непосредно пред да падната двете дрва, турнирот беше прекинат поради силен ветар, а само 20-тина минути откако продолжи играта, се случи падот на дрвата.

Турнирот беше прекинат, па мораше работници со моторни пили да го средат нередот за потоа да продолжи натпреварувањето.

„Седев и ја гледав играта, кога ненадејно, стебо од 8 до 10 метри падна од нашата лева страна. Станав и почнав да врискам. Помислив дека ќе падне врз мене. Беше многу страшно. Ако ветерот дуваше од друга насока, можеше да се случи дрвото да падне директно врз нас“, вели Меган Хил, која беше меѓу гледачите кога се случи неочекуваниот прекин на голф турнирот.

 

- Оглас -

Најнови вести