Избегната трагедија во последен момент, цела репрезентација можела да загине ако пилотот не реагирал експресно

Викендов во Брегот на Слоновата Коска ќе започне новото издание на Африканскиот куп на нациите, а малку недостасуваше да дојде до трагедија, која сигурно би го одложила првенството. Имено, авионот со којшто летала репрезентацијата на Гамбија можел да се сруши, но сè завршило добро благодарение на пилотот.

Репрезентативците на Гамбија на пат летале со мал авион во кој било топло и задушливо, а дел од фудбалерите веднаш заспале штом седнале на своите седишта.

„Веднаш штом влеговме во малиот авион, забележавме дека е многу топло и се потевме. Екипажот нè убедуваше дека климата ќе почне да работи веднаш штом ќе полетаме, но топлината и недостатокот на кислород веднаш ни зададоа големи главоболки и вртоглавица. Дел од луѓето само по неколку минути откако влеговме во авионот заспаа.

Ситуацијата се влоши кога полетавме, па пилотот немаше избор, туку принудно да слета само по девет минути откако полетавме“, откри што се случувало во авионот Саиду Јанко, играчот на Јанг бојс.

Подоцна е утврдено дека во авионот немало доволно кислород, што можело да има фатални последици доколку пилотот не одлучел да се слета на аеродромот во Банџул, од каде што и полетале.

- Оглас -

Најнови вести