Избрани најдобрите три петорки во НБА лигата

Милвоки бакс на свој терен ноќеска ќе се обиде да стигне до предност од 3:2 против Торонто, во финалето на Источната конференција во НБА лигата. Додека трае неизвесноста на Истокот, Голден Стејт веќе си обезбеди место во големото финале. Додека се чека ривалот на „воините“ за трофејот, НБА ги одбра најдобрите петорки за оваа сезона.

Во најдобрата петорка се најдоа Србинот Никола Јокиќ, Гркот Јанис Адетокумбо, како и Стеф Кари, Џејмс Харден и Пол Џорџ. Освен најдобрите пет играчи, беа избрани и втората најдобра и третата најдобра петорка во НБА. Во втората петорка се најдоа. Џоел Ембид, Кевин Дурант, Кајл Ирвин, Кавај Ленард и Дамијан Лилард.

Место во третата најдобра петорка имаше за: Расел Вестбрук, Кемба Вокер, Леброн Џејмс, Блејк Грифин и Руди Гоберт.

 

- Оглас -

Најнови вести