Изјава на Солскјер што нема да им се допадне на Црвените ѓаволи: Далеку сме од Ливерпул, лани случјано бевме пред нив

Оле Гунар Солскјер вели дека Ливерпул е една од екипите што Манчестер јунајтед сака да ги достигне и дека во овој момент им треба уште многу работа, победи и добри игри за да бидат на нивото на најголемиот ривал во Англија.

Пред дербито меѓу двете екипи што ќе се игра во недела од 17.30 часот на „Олд Трафорд“, Норвежанецот имаше изјава што нема да и се допадне на големата армија на навивачи на Црвените ѓаволи.

„Минатата сезона бевме пред нив на табелата во Премиерлигата, но тоа веројатно беше само сплет на околности и многу проблеми со повреди што ги имаше Ливерпул. Многу добро знаеме дека мораме уште многу да напредуваме за да го стасаме нивото што тие го имаа во последните четири сезони. За да победите против екипи каква што е Ливерпул, една од најдобрите во Европа во моментов ви треба да дадете се од себе. Ќе се обидеме да бидеме максимално квалитетни и мотивирани за да забележиме добар резултат“, изјави Солскјер.

На последните шест меѓусебни дуели во Премиерлигата Манчестер јунајтед нема победа против Ливерпул, а гостите трипати славеа и уште 3 меча завршија нерешено.

Моментно по 8 кола Ливерпул е единствената екипа во Премиерлигата без пораз, на второто место со 18 бода, еден помалку од лидерот Челзи.

Манчестер јунајтед со 14 бода е на шесттото место.

 

- Оглас -

Најнови вести