Изјавата на Ибрахимовиќ ги разбесни газдите на Милан: Се жали дека игра безпари, а може да заработи и до 15 милиони евра

Златан Ибрахимовиќ никако не мирува. Откако пристигна во Милан, прославениот напаѓач постојано е во центарот на вниманието. Освен со своите добри игри, Ибра е интересен и со неговите изјави. Во последното интервју дадено во „Газета дело Спорт“, Ибрахимовиќ вели дека во Милан дошол да игра безпари.

„Ми велеа дека во Америка одам за да играм пред да се пензионирам. Јас се вратив во Милан и прифатив да играм од чиста страст и љубов, практично бесплатно“, рече Ибрахимовиќ.

Оваа изјава на Ибра ги вознемири страстите кај првите луѓе на Росонерите. Фамилијата Сингер која е газда на инвестицискиот фонд Елиот Менаџмет е сопственик и на Милан. „Многу сме вознемирени од изјавата на Ибра“, стои во реакцијата на газдите.

И реалноста е дека Ибра сигурно не игра бесплатно. За половина година, 38-годишниот Ибра ќе добие хонорар од 3,5 милиони евра со можност за бонус од 500.000 евра. Во договорот стои дека доколку одигра 50 отсто од мечевите сезонава, Ибрахимовиќ ќе добие и нов едногодишен договор во кој му се гарантирани шест милиони евра, со можност за бонус од четири милиони евра. Ако се соберат сите пари, Ибра со враќањето во Милан може да заработи вкупно 15 милиони евра, што е далеку од бесплатно играње како што тој самиот вели.

Ибрахимовиќ во дресот на Милан има одиграно точно 100 меча.

 

- Оглас -

Најнови вести