Изјавата на Надал како тинејџер покажува дека Шпанецот направил голема утка (Видео)

Рафаел Надал во неделата уште еднаш само потврди дека е најдоминантниот тенисер во историјата, кога се работи за победите на еден Гренд слем турнир. Легендарниот Шпанец стигна до 12-тиот трофеј на земјените терени на Ролан Гарос во Париз. Во финалето, Надал со 3:1 во сетови го победи Доминик Тим.

Со оваа победа, Надал потврди дека му нема рамен на земјен терен. Сепак, кога бил тинејџер, Надал не ни можел да претпостави дека токму земјениот терен ќе биде негов омилен за игра. Во едно интервју како 16-годишен тинејџер популарниот Рафа открива дека земјената подлога му е на последно место.

„Повеќе сакам да играм во сала, на тврда подлога и на трева, отколку на земја. Но, исто така сакам да играм и на земја“, вели тогашниот тинејџер Надал во интервјуто, каде што додава дека најголем сон му е да биде шампион на Вимблдон, воопшто не помислувајќи дека неговото име ќе биде со златни букви запишано на Ролан Гарос.

 

- Оглас -

Најнови вести