Излегоа на теренот само со седуммина играчи, и вечерва цел свет навива за нив!

Срам за колумбискиот фудбал.

Прволигашот Рионегро Агвилас Дорадас на мечот со Бојака Чико на терен излезе со само седуммина играчи, од кои двајца се голмани и истакнаа транспарент со кој побараа ферплеј и дека животот е на прво место. Иако имаат 15-мина играчи кои се позитивни на ковид-19, Колумбиската федерација не дозволи средбата да се одложи, туку им нареди да играат со седуммина играчи.

Не можеа да земат играчи од младинскиот тим, па отпатуваа со седум членови, кои ќе мора да играат 90 минути.

По првото полувреме, резултатот е 0-0. Екипата на Бојака Чико, која е комплетна со 11 души на теренот, се однесува коректно и почитува ферплеј, без да го понижи противникот, кој јуначки се држи.

 

- Оглас -

Најнови вести