Излетување на Леклер предизвика прекин на трката на Монца

Формула 1 трката за Големата награда на Италија, на патеката Монца е прекината, откако Шарл Леклер со својот болид на Ферари излета и удри во заштитната ограда која треба да биде поправена.

Леклер ја продолжи мизеријата на Ферари, откако трката заврши и Себастијан Фетел поради откажување на сопирачките. Додека на патеката имаше безбедносно возило, лидерот Луис Хамилтон влезе во бокс, а не смееше, па ќе добие казна (10 секунди треба да стои во место во боксот) која може да го исфрли од борбата за прво место.

- Оглас -

Најнови вести