Излезе „доказ“ дека германскиот талент е четири години постар од тоа што се прикажува?! (Фото)

Фудбалерот на Борусија Дортмунд и германски репрезентативец, Јусуфа Мукоко, нема 18, туку 22 години, се тврди во некои медиуми кои се потпираат на „доказ“ од неговата родна земја Камерун.

Според официјалните документи со кои што игра Мукоко, стои дека е роден во 2004 година, одамна се шпекулира дека станува збор за лага и фалсификат, а сега дојде и можен доказ дека е така.

Објавен е извод од матична книга на родени, според кој извесен Јусуфа Мохамаду е роден во 2000 година, само прашање е дали е ова извод на фудбалерот, а се тврди дека е. Не е првпат да има сомнежи околу возраста на африкански спортисти.

Мукоко живее во Германија од 2014 година, а стана најмлад играч кој заиграл во Бундеслигата и најмлад германски учесник на едно Светско првенство.

Еден негов тренер од младинските категории на Борусија своевремено рече дека Мукоко сигурно нема 17 години колку што кажува, а појавувањето на изводот од Камерун се шпекулира дека е реванш од неговите родители кои го посвоиле, и со кои фудбалерот не е во добри односи.

Има шпекулации и дека имал притисок од Камерунците да игра за нив, а не за Германија.

- Оглас -

Најнови вести