Излезе сам пред голот, а наместо да се радува, прописно се избламира (видео)

Елиран Атар е најголем виновник што вчерашниот дуел меѓу Беитар Ерусалим и Хапоел Хаифа заврши без побеник при нерешени 3-3.

Фудбалерот на домаќините имаше златна прилика во 80-тата минута да го реши мечот и да му донесе двојна предност на својот тим. Атар во контра-напад излезе сам пред голот на Хаифа и наместо да прими топка, тој од прва сакаше да шутира и прописно се избламира.

Топката отиде далеку од голот, додека Атар набрзо потоа го напушти теренот, а гостите успеаја да изедначат и да избегнат пораз.

- Оглас -

Најнови вести