Изминаа 24 години од најхрабрата провокација во фудбалот (видео)

Точно пред 24 години, или на 24 април 1996 година, Греам Сунес ја направи најконтроверзната и најхрабра провокација во фудбалот.

Легендата на Ливерпул како предводник на турскиот гигант Галатасарај се радуваше на пехарот во турскиот куп откако во финалниот двомеч славеше против лутиот ривал Фенербахче. Реваншот се играше на „Шукру Сарачоглу“, а Галатасарај излезе како победник при ремито од 1-1, односно минималниот триумф од 1-0 во првата средба.

По финишот на мечот, Сунес зеде големо знаме со боите на неговиот клуб, истрча до центарот на теренот и го постави, во знак како да ја освои непријателската територија. На тој начин Сунес стана миленик на навивачите на Галатасарај, а пред неколку години откри дека тоа го направил со цел да испровоцира еден од директорите на Фенербахче кој го навредил шкотскиот стратег нарекувајќи го инвалид.

On this day in 1996 Galatasaray’s Graeme Souness planted a Galatasaray flag in the middle of Fenerbahçe’s pitch after winning the Turkish Cup. from soccer

- Оглас -

Најнови вести