Измислен нов удар во тенисот (Видео)

Каспер Руд без многу проблеми со 2:0 во сетови го победи Александер Бублик во шеснаесетфиналето на АТП-турнирот во Мајами. Мечот траеше точно еден час и една минута, а Руд ги доби двата сета со по 6:3 и 6:2.

Иако Руд доминираше на теренот, поенот на мечот го оствари Бублик. Во вториот сет, при водство на Норважанецот од 4:0, Бублик се реши да направи потег кој не е виден во тенисот досега.

Руд успеа да врати еден удар, но топчето летна високо, па тенисерот од Казахстан доби интересна идеја. Го сврте рекетот и со дршката го удри топчето. Руд успеа да го врати и тој удар, но сепак Бублик потоа го доби поенот и намали на 4:1.

https://youtube.com/shorts/tB9NPXBfPAo?feature=share

- Оглас -

Најнови вести