Изненадувачки трансфер во најава, Лаутаро од Интер се сели во Атлетико?

Аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинес, летово ќе го напушти новиот италијански првак Интер, и ќе се пресели во Атлетико Мадрид. Ова го најави некогашниот играч на Интер, а сегашен бизнисмен, Никола Вентола.

За Лаутаро кој има уште две години договор со Нераѕурите, се шпекулираше дека можеби ќе потпише за Барселона, тоа го барал Лионел Меси, но беше скап за Каталонците и тие се откажаа.

„Ќе фрлам бомба: Лаутаро оди во Атлетико, Договорено е. Ми рекоа дека завршува со Интер и дека одлично ќе заработува во Атлетико“ – кажа Вентола во едно интервју со Кристијан Виери.

- Оглас -

Најнови вести