Изненадување: Давид Силва официјално се врати во татковината

Иако се очекуваше Давид Силва да ги засили редовите на Лацио, икусниот шпански играч за врска се премисли и одлучи да се врати во татковината. Легендата на Манчестер сити по една деценија се врати во Ла Лига, каде што во наредните две години ќе го носи дресот на Реал Сосиедад.

Баскискиот клуб доби фантастично засилување во Силва откако Мартин Одегард се врати во Реал Мадрид. Токму бројот 21, кој беше задолжен за младиот Норвежанец, ќе го носи Давид Силва.

Последниот шпански клуб за којшто настапуваше Силва е Валенсија, каде што одигра повеќе од 160 меча пред трансферот на „Етихад“. Во Сити 34-годишниот креативец прерасна во клупска икона, потврда за тоа е најавеното поставување на негова статуа пред стадионот на Граѓаните, но и 13-те освоени трофеи.

- Оглас -

Најнови вести