Изненадување на дождот во Силверстоун, Карлос Саинс до прва пол-позиција во кариерата!

Шпанецот Карлос Саинс од Ферари беше најбрз на денешните интересни квалификации на патеката Силверстоун, па утре на трката за Големата награда на Велика Британија, пилотот на Ферари ќе тргне од пол-позицијата.

За Саинс, ова е прва пол-позиција во кариерата. Изненадувањето е големо, бидејќи на влажната патека други пилоти имаа добри времиња и најавуваа дека ќе се борат за првото место, но Шпанецот во финишот на сесијата извозе феноменален круг.

Второ најдобро време имаше првакот Макс Ферстапен, а потоа повторно има едно Ферари (Шарл Леклер) и Ред Бул (Серхио Перез), додека петти и шести се Британците Хамилтон и Норис. Изненадување е и првиот влез во топ 10 сезонава на Николас Латифи.

- Оглас -

Најнови вести